|
После 15 години производство, најевтините модели на Porsche, Boxter и Cayman достигнаа заедничка продукција од 300.000 примероци и станаа најпродаваните модели на компанијата на сите времиња.

Одлуката да се создаде нов евтин модел во Porsche е донесена на почетокот на 1990. години кога компанијата притисната од економски тешките времиња беше на праг да влезе во финансиска криза.
Првиот модел како концепт се појави во 1993 година. Тоа беше родстерот Boxter кого Porsche го претстави на салонот во Детроит и доби неверојатно голем број на позитивни критики и стекна симпатии меѓу посетителите.
Позитивните реакции го охрабрија Porsche да продолжи со развојот за во летото 1996 година да стартува со производство на Boxter во фабриката на компанијата во Штудгарт.
Продажбата на Boxter одеше толку добро што Porsche се одлучи да ја претстави неговата затворена верзија Cayman дури во 2005 година. Ова лето 15 години подоцна 300.000 примерок на Boxter се симна од производната лента.
Јубилејниот модел е екстремниот Boxter Spyder кој место во музеј ќе заврши во рацете на клиент од Германија. Моделот е обоен во платинесто сребрена боја, Platinum Silver, а ентериерот е преслечен во црвена кожа, Carrera Red.
Примерот на Boxster и на Cayman, Porsche ќе го проследи со уште еден нов евтин модел кого го најавува како Porsche 550. Тој ќе биде идeолошки наследник на легендарниот родстер Porsche 356 и пристигнува за две години.
|