Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
308 RC Z го предизвикува TT
09.08.2007
peugeot-308-rc-zПодготвен за официјално претставување на салонот во Франкфурт, Peugeot 308 RC Z е доказ дека фанцуските инженерите се и повеќе од способни за развој на спортско купе.

Тркачов со разјарен лав во предната маска остварува перформанси доволни за да ги засени своите ривали од Германија.

Лесниот концепт со форма на купе инкорпорира повеќе компоненти од алуминиум и карбон со цел тежината да се сведе на минимум кој во случајов не ја преминува границата од 1.200 килограми.

Моќта доаѓа од 1.6 литарски турбо бензинец кој работи и во помалиот 207 RC, но за во 308 RC Z е дополнително модификуван и остварува 218 коњски сили и вртежен момент од 280 Nm.

Посебната функција на овербуст во критични ситуации на кратко го зголемува вртежниот момент на 300 Nm кои му овозможуваат на автомобилот да престигнува молскавично или да забрза до темпо 100 за помалку од 7 секунди.

Со педалот за гас притиснат до под за кратко време стрелката на брзиномерот во 308 RC Z застанува на максимални 235 km/h.

Купето сопира благодарение на предните вентилирачки дискови со пречник од 360 милиметри и четириклипни сопирачки клешти и подеднакво моќен сет за назад.

Телото го следи успешниот дизајн на модерните купеа, секако со препознатливи детали својствени за еден Peugeot. Во должина мери 4,276 m, а во ширина 1,84 метри.

Она што е важно, а е поврзано со 308 RC Z е дека автомобилот нуди визија за правецот во кoј ќе се развива дизајнот на идните модели на Peugeot. И служи како инспирација за иднината.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook