|
15.05.2007 |
Пред пазарниот старт на новото Mondeo и преработената верзија на C-Max Ford ја стартува најголемата дилерска обука во минативе години. 3700 дилери ќе пристигнат во Фулда да ги тестираат новите возила.
Под мотото „Ford erfahren 2007” преку 3700 дилери и продавачи на Ford, како и вработени во фабриките на Ford ќе пристигнат на 23 јуни во Фулда, за да се запознаат со Mondeo и C-Max.
Презентацијата ќе трае вкупно 44 дена. На обуката ќе учествуваат и дилери од Унгарија, од Балтичките држави и од Швајцарија. На тест-возењата ќе стојат на располагање 45 Mondeo и десет C-Max со најразлични нивоа на опременост и мотори.
|