|
05.12.2011 |
|
Паралелно со најавата за продолжување на долгогодишната соработка меѓу македонската дива Калиопи генералниот увозник на Peugeot за Македонија, Euroimpex најавува уште една голема новина.

Имено од 01.12.2011 година сите нови модели на Peugeot кои ќе бидат продадени во Македонија ќе подложат на гаранција од 4 години, или 100.000 изминати километри.
Воедно за време на гаратниот период клиентите ќе добијат и услуга транспорт на возило до овластениот сервис во случај на дефект по принципот 24 часа/ 7 дена во седмицата.
Плус сопствениците на возила до 18 месеци старост кои не поминале повеќе од 30.000 километри од Euroimpex добиваат понуда за договорна гаранција меѓу клиентот и компанијата чии детали се договораат, а информациите можат да се добијат директно кај застапникот на Peugeot.
|