|
29.05.2007 |
Mazda слави 40 годишнина од продажбата на првиот модел
задвижуван со ротациски мотор. Cosmo Sport претставен во 1967 година е првиот
модел во светот со ванкел со двоен ротор.
Моторот остваруваше скромни 110 КС при 7.000 вртежи и
вртежен момент од 130 Nm при 3.500 вртежи од зафатнина од 1.0 литар и се смета за
првиот ванкел мотор на Mazda што влегол во сериско поизводство.
Mazda не е првиот производител кој сериски го вградувал
ротацискиот мотор. Таа титула ја носи германскиот NSU Spider од 1964
година, по чии стапки набрзо тргнаа поважните производители како Citroen,
Daimler-Benz, Alfa Romeo и на крај Mazda.
Сепак, првичните конструкции беа неиздржливи и имаше
генерален проблем со одржувањето на моторот. Во комбинација со другите
недостатоци на ротациските мотори како висока потрошувачка, лошо заптивање,
проблеми со некомплетно согорување, ги натера повеќето производители да се откажат
од него.
Единствено инженерите во Mazda не се
обесхрабрија и најдоа решение за проблемот. Денес единствено Mazda
нуди автомобил со ротациски мотор.
Купето со четири врати RX-8.
 
|