|
Специјалистите за тјунинг од Project Kahn смислија нов начин како да го направат Range Rover Sport Superchаrged полуксузен и уште подобар и поспобен како на афалтен пат така и на терен.

Проектот наречен RS600 во кабината нуди кастомизиран ентериер преслечен со прошиена кожа. Централната конзола е изработена од лакирано дрво кое дополнително го зголемува чувството на луксуз.
Инструментите имаат ново осветлување и светат со електрично сина боја и оставаат хајтек впечаток. Ексклузивноста ја надопoлнуваат праговите од полиран не`рѓосувачки челик, а вниманието за детали оди до кастомизираниот привезок за клучот од кожа.
Однадвор RS600 добива поагресивен настап благодарение на аеродинамичкиот кит составен од преден браник со сплитер, испакнувања на праговите, поголеми заштитни пластики за арките над тркалата и леснометланите бандажи од 22 инчи.
Она што најмногу ќе ги одушеви љубителите на октани е снагата на моторот. Во серискиот Range Rover Sport Superchаrged моќниот V8 испорачува 510 КС.
Со ремапирање на управувачката електроника на моторот и смена на издувниот систем кој воедно испушта звук којшто наежува V8 во RS600 како што се наведува во името има 600 КС. Тоа се 45 КС повеќе отколку во X5 M и во Х6 М.
Колку сето ова значи во подобрувањето на перформансите на спортскиот теренец кој во серија до темпо 100 катапултира за 6,2 секунди и оди до максимални 225 km/h, од Project Kahn не истакнуваат.
Единствено велат дека додека си во седиште разликата се чувствува. Британците не ја наведуваат цената истакнувајќи дека таа сепак зависи од желбите на клинетот.
|