Get Adobe Flash player
911 коњски сили во Porsche 911
17.05.2010

Еден ваков проект им паднал на ум на инженерите од престижната тјунерска куќа од Америка, Switzer Performance кои веќе стигнале да го модификуваат новиот модел на Porsche, 911 GT2 RS.

porsche-sp-gt2-r911s-2010-1

Иако најмоќната 911 беше претставена само пред неколку дена тоа не ги спречи Switzer Performance да покажат дека знаат да направат уште поголем беснотилак од инженерите во Цуфенхаузен.

Тјунираната 911 GT2 RS покрај еден куп коњски сили добива и ново име GT2 R911S. Американците успеале да ја зголемат снагата до скоро 50% па така снагата на најмоќната 911 некогаш произведена скокнала од 620 КС на наведените 911 КС.

Големата моќност доаѓа како привилегија на новиот тјунинг пакет P800 кој произведува 800 КС и е наменет за Porsche 911 Turbo, а за во GT2 RS е дополнително доработен за да се достигне крајниот резултат од 911 КС, но само со користење на високо октанско гориво кое го користат тркачките автомобили.

Од Switzer Performance истакнуваат дека само со доработката на моторот GT2 R911S e не надминат шампион на правец, но идејата била спортистот да биде крал и во трка.

За таа цел инженерите вградиле комплетно ново потпирање кое доаѓа директно од светот на мотоспортот. Каросеријата е дополнително олеснета со обилно користење на карбон-фибер и отстранување на се што претставува луксуз.

Switzer Performance сеуште не даваат податоци за перформансите на GT2 R911S, но сигурни сме дека ќе бидат уште поотровни од 3,4 секунди до 100 km/h и максимална брзина од 330 km/h колку што постигнуваat 620 КС на 911 GT2 RS.

 

 

 

Facebook