Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
920 КС галопираат во новиот Enzo
21.02.2012

Од Ferrari протекуваат информации во кои стои дека наследникот на Enzo ќе има моќност блиска до онаа на Bugatti Veyron, а коњските сили ќе доаѓаат како последица на хибриден систем.

ferrari-f50-1995-1-2012-1

Моторот традиционално ќе биде V12 и ќе има зафатнина од 7.3 литри. Способен да остварува 800 КС кон него ќе се приклучи систем за регенерирање на кинетичката енергија KERS кој ќе додава дополнителни 120 КС.

Иако моќноста е помала од онаа на Veyron новиот Enzo ќе има поотровни перформанси бидејќи тежината нема да му минува 1.200 kg, a комплетно ќе биде изработен од карбон-фибер и други лесно материјали.

Во претходните протечени информации стоеше дека новиот врвен модел на компанијата ќе ја носи ознаката F70. Информацијата не го потврдува името, но затоа вели дека на пазарот пристигнува на есен.

Понудата ќе биде ограничена на само 400 примероци што е еден примерок повеќе од 399-те примероци на Enzo и 51 примерок од 349-те примероци на F50 од 1995 година на фотосот.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook