|
21.08.2007 |
Fiat објави дека планира да понуди на пазарот две
перформансни изведби, минито 500 и Grande Punto, под името Abarth. Но тоа
нема да бидат единствените модели со Abarth на носот.
Најновите извештаи велат дека Abarth развива сопстевни
спортски автомобили како дел од програмата поттикната од шефот на Fiat, Лука ди
Мео, кој сака Abarth да работи со поголема независност.
Според директорот за маркетинг на Fiat, Стив
Норман, Abarth ќе работи како независен ентитет во царството на Fiat.
Во своите почетоци Abarth
дизајнираше и произведуваше сопствени автомобили, а поголем дел од нив се
користеа за трки. Кога го превзеде Fiat, Abarth
произведуваше само неколку негови препознатливи модели, па дури и тие беа
базирани на моделите на Fiat, само што беа накитени со нови стилски детали.
|