|
Славниот шкорпион работи на развој на сопствена верзија на популарниот градски автомобил Fiat 500 која ќе биде поексклузивна и поекстремна од сегашните доработки на малечкото.

Идеја водилка за овој сосема различен проект на Abarth е моделот од 1959 зад чив дизајн се потпишува славниот Zagato, a автомобилот го носи полното име Abarth Zagato 750.
Карактеристично за ова жешко џуџе ќе биде помалата висина на страничните стакла, а со тоа и помалата висина на предното стакло и позакосено задно стакло. Автомобилот би требало да наликува на мал хотрод.
Одзади ќе биде поставено голем задно крило, леснометални бандажи со дијаметар од 19 и 20 инчи, отворотие околу тркалата ќе бидат проширени и ќе бидат направени уште низа измени кои ќе упатуваат на посебен модел.
Меѓутоа Zagato нема да се потпишува под дизајнот на новиот модел на Abarth кој ќе се нуди во две верзии како купе со тврд кров и како кабрио за што ќе послужат и Fiat 500 и неговиот отворен брат Fiat 500C.
Измените како што велат до Abarth ќе бидат направени и во внатрешноста, така што се очекува голем дел од нарачките да бидат без задни седишта и само со тркачки кади за возачот и совозачот и спортски уреден ентериер.
Под хаубата ќе работи 1.4 литарскиот турбо бензинец MultiAir кој во зависност од изведбата ќе испорачува 160 или 180 КС, а заради подобрата аеродинамика автомобилот би бил побрз од сегашните доработки од Abarth на тема Fiat 500.
Abarth Zagato 750 од 1959
|