|
Со претставувањето на својот нов супер спортски автомобил Agera на салонот во Женева Koenigsegg одбра вистински начин да го прослави јубилејот 15 години производство на ексклузивни тркачи.

Koenigsegg Agera e создаден на основата на веќе етаблираниот суперспортист СС, но затоа користи сосема нов дизајн, полесни компненти изработени од карбон-фибер и подобар мотор.
Името Agera не е избрано случајно. Преведено од шведскиот јазик би значело „Да се делува” и ја симболизира филозофијата на Koenigsegg на постојан напредок со поместување на границите во конструирањето и дизајнот.
Најголемата новина кај Agera e конструкција на шасијата со поголема ширина на предниот дел во однос на дарителот модел CC. Предниот крај сега е подеднакво широк како и задниот што условило и проширување на трагата на предните тркала.
На овој начин е подобрен балансот на шасијата, автомобилот има подобри динамички карактеристики, предните тркала имаат подобра тракција посебно во свијок, а подобрено е и управувањето.
Како дополнување на подобрите динамички карактеристики стои и специјалниот систем за контрола на тракција со функција која автоматски го адаптира поддесувањето во зависнот од условите на патот и стилот на возачот.
Новините во конструкцијата на шасијата биле потребни за да се стават под контрола 910 КС при 6.850 врт/мин и вртежен момент од 1.100 Nm при 5.100 Nm кои ги испорачува 4.7 литарскиот битурбо.
Вредноста на вртежниот момент со која најмногу се гордеат инженерите од Koenigsegg се преку 1.000 Nm расположиви од ниски 2.680 врт/мин па се до 6.100 врт/мин.
Вредностите се доволни за да ја забрзаат Agera до 100 km/h за 3,1 секунди, до 200 km/h за 8,9 секунди и да и обезбедат максимална брзина од 390 km/h. Уште повеќе фасцинира податокот 0-200-0 km/h за 13,7 секунди.
Agera го постигнува и благодарение на карбон-керамички вантилирани дискови со димензии 392х36 mm напред и 380х34 mm назад кои ги зафаќаат шетс клипни сопирачки клешти, но и на тежината од 1.290 kg.
Koenigsegg Agera во должина мери 4.239 mm, во ширина 1.996 mm и во висина 1.120 mm. Внатре преовладуваат материјали како карбон-фибер и кожа, а осветлувањето наречено Ghost Lights доаѓа од невидлив нано-цевки.
Покрај класичните инструменти Agera има и мерач на силата G, односно мерач на напречно забрзување, тука е и штоперица, компас, сателитска навигација со функција за сателитско мерење на брзината и споредба со брзиномерот.
Верзијата на Agera која Koenigsegg ја прикажа во Женева е сериски модел кој доаѓа од пред продукција и кој по саемот заминува на низа тестирања во траење од шест месеци по што ќе стартува испораката на примероците кои можат да се нарачаат веднаш.
За време на тестирањето најголемо внимание ќе биде посветено на новите гуми на Michelin специјално конструирани за Agera, а подоцна ќе се користат и за останатите модели на Koenigsegg.
Шведскот производител сеуште ја сокрива цената. Но, како и да е едно е сигурно таа ќе биде висока.
|