|
Романскиот производител на автомобили кој успешно работи под капата на Renault претстави тркачката верзија на новата Dacia Duster, наменета за натпреварување на Andros Trophy.

Иако сериската верзија на Duster е закажана да се појави на пазарот следната година, верзијата за натпреварување на зимските трки ќе го започне своето патешествие на 3 декември кога стартува годинешната сезона на Andros Trophy.
Зад воланот на тркачката Dacia Duster ќе седи четирикртаниот шампион во Формула 1 и шампионот на Andros Trophy во 2007 и 2008, Ален Прост, кој пак, претходните две титули на Andros Trophy ги освои со Toyota Auris.
За настап на Andros Trоphy автомобилот добил посебен аеродинамичен кит со масибно надувани арки над тркалата и широко развлечени странични завеси, запечатени задни врати и огромен отвор на хаубата и отвори на кровот.
Каросеријата е најсличниот дел на серискиот Duster со тркачкиот. Конструкциски автомобилот под каросеријата е чистокрвен спортист со просторна цевна шасија со интегриран заштитен кафез врз која почива телото.
Понатаму погон и управување на четири тркала како Laguna Coupe, можност за распределба на силата на сопирање според потребите и желбите на возачот. Распределбата се прави мануелно од кабината во трка.
Под хаубата исто така нема ништо што би асоцирало на серискиот модел. Таму нема ништо освен конструкцијата на предната суспензија - која како и задната има пружини и амортизери што овозможуваат продолжен од заради подобра контрола на замрзанти подлоги, ладилникот и главниот цилиндер од системот за сопирње.
Моќниот 3.0 литарски V6 бензинец, мотор познат од повеќе модели на Renault и Nissan се сокрива во кабината. Тој е поставен централно во шасијата со што е постигната совршена дистрибуција на тежината предна/задна оска на автомобилот чија минимална тежина не смее да биде пониска од 950 kg.
Со поставување на моторот централно во шасијата воедно е постигнато ниско тежиште пресудно за максимална контрола над автомобилот кој постојано лизга додека се трка на замрзнатите патеки.
Моторот во тркачкиот Duster испорачува 350 КС при 7.500 врт/мин, додека максималниот вртежен момент од 360 Nm се остварува при високи 5.500 врт/мин. Моторот е спарен со шест степен секвенцијален менувач кого го испорачуваат експертите од SADEV.
Снагата се пренесува до сите четири тркала преку самоблокирачки преден и заден диференцијал, а управувањето на четири тркала е механички систем кој ги врзува предните и задните тркала и може брзо да се поддеси во зависност од карактеристиките на патеката.
Dacia Duster – Andros Trophy во должина мери 4.001 mm, широк е 1.900 mm има меѓуоскино растојание од 2.500 mm и траг од 1.690 mm напред/назад и резервоар со волумен од 25 литри.
За сопирање на 950 kg тешкиот Duster се задолжени самовентилирачки дискови напред со дијаметар од 260 mm и полни дискови назад со дијаметар од 265 mm. Нив ги сокриваат ковани леснометални бандажи изработени од легура на магнезиум со димензии 5.5 х 16 инчи обуени во гуми Continental Racing Contact 3.
Веруваме многумина, па и ние, би посакале еден ваков Duster во гаража. Сепак, сериската верзија е светлосни години далеку од едно вакво моќно автомобислко остварување.
Серискиот Duster во основната верзија ќе нуди 1.4 литарски бензинец со 85 КС, додека втор на располагање ќе биде трубодизелот на Renault 1.5 dCi кој на сите четири тркала ќе испорачува 105 КС.
Покрај верзијата со погон на четири тркала Duster ќе се испорачува и само со погон напред. Цената на основниот модел 1.4 со погон напред би требало да стартува од околу 11.000 евра.
Светската премиера е закажана за салонот во Женева во март 2010.
|