Get Adobe Flash player
Alfa 169 директен ривал на BMW M5
12.11.2009

Alfa Romeo се враќа на голема врата во сегментот резервиран за германската голема тројка Audi, BMW, Mercedes. И како што доликува на една Alfa тоа ќе го направи со воодушевувачки дизајн.

alfa-169-2011-1

Новите компјутерски генерирани фотографии на новата Alfa 169 ни претставуваат автомобил многу поубав и од веќе прикажаниот. Според она што може да се види јасно е дека стилот на купе со четири врати ја носи Alfa во иднината, но од друга страна пак Alfa тоа одсекогаш и го имала.

За да се справи со германската конкуренција Alfa 169 го напушта концептот со погон напред и како што доликува на еден сериозен седан моторот ќе ги задвижува задните тркала.

Ваквата поставеност на механиката ќе и овозможи значително подобри динамички карактеристики. Но, самата поставка не е единствената причини за тоа. Alfa 169 ќе биде поставена на платформата на која лежи и Maserati Quattroporte.

Платформата ќе има покусо меѓуоскино растојание и ќе одговара и за најавената нова генерација на Chrysler 300C.

Сепак, инженерите на Chrysler нема да го имаат последниот збор во креирањето на новата платформа како што од прво беше најавено. Очигледно новиот сопственик Fiat не сака ништо да препушти на случај и го одбира најдоброто од својот голем двор полн избор.

Автомобилот со спортска нота бара соодветни мотори. Се најавуваат четири цилиндрични турбо бензинци и трубо дизели и V6 бензинци и турбо дизели од нова генерација. Циркулира и можноста за вградување на моќниот атмосферски V8 бензинец на Alfa кој веќе работи во 8C Competizione, го користи и Maserati.

Со неговите 450 КС кои се очекува да пораснат за уште некое коњче Alfa ќе ја промовира GTA верзијата на 169 со која ќе се обиде да им конкурира на спортските седани од Минхен, Штудгарт и Инголштад.

Во Fiat Group сеуште молчат кога Alfa 169 ќе се појави на пазарот. Светската премира би можела да се случи кон крајот на 2010, а продажбата ви стартувала во 2011.

Со оглед на новиот начин на обележување на своите модели во Alfa би можеле да се одлучат и за некое звучно име место бројка за новиот седан.

 

 

 

Facebook