|
Alfa Romeo ќе го замени актуелниот модел 159 со Giulia со што бројките дефинитивно го напуштаат означувањето на моделите на славната миланска марка и во игра се враќаат звучните имиња.

Нема сомневање дека Италијаните се мајстори на дизајн за што говорат и прикажаните компјутерски генерирани фотографии кои се направени според упатство на инасјдер на марката кој знае како ќе личи Alfa Romeo Giulia.
Доколку ова е вистина тогаш дури и најспортскиот седан во класата, серијата 3 на BMW, ќе мора да ја прифати борбата со еден сериозен предизвикувач. Погонот ќе биде напред, но и на сите четири тркала.
Ова го дозволува новата платформа на Fiat и на Chrysler којa нуди многу можности за конфигурирање. Па така се очекува Giulia покрај вообичаените изведи седан и комби да понуди нешто ново.
Се зборува за класично купе со две врати, но и за две варијанти на спортски кросовер едната со поголемо меѓуоскино растојание и седум места за седење, а другата покуса со три врати и четири места за седење.
Така ќе се реализира идејата за кросоверот Kamal кого Alfa го претстави во 2003 година во Женева. Се очекува новата Giulia да биде претставена за околу две години како дел од амбициозниот план за оживување на Alfa Romeo.
Значајно ќе биде враќањето на пазарот во САД и очекуван раст на продажбите на околу 400.000 возила годишно што би бил скок од безмалку 150% за Миланезите.
|