Автомобил кој крена најмногу прашина минатата година и кого љубителите на
мали спортисти со нетрпение го очекуваат ја откирва и својата внатрешност која
до сега беше строго чувана тајна.
Покрај ентериерот Alfa ја откирва
и сличноста, односно инспирацијата при дизајнирањето на Mi.To, а тоа е
нивниот спортист 8С Competizione чии оригинален дизајн со течни линии
и мазни премини го редефинира стилот на компанијата.
На фотографиите, за кои се вели дека биле протечена
информација која во Alfa сеуште немале намера да ја откријат, е прикажана
сличноста на „малечката” со „големата” Alfa. За она
што е очигледно зборови не се потребни, потребно е само да се фрли еден поглед
врз фотографиите и се е јасно.
Покрај откривањето на внатрешноста од Alfa доаѓаат и
попрецизни информации за моторите што ќе се вградуваат во Mi.To. Моторната
понуда стартува од 1.4 литарскиот бензинец со 95 коњски сили. Потоа следува 1.4
литарскиот бензинец Multiair со 105 коњски сили кој е врзан со шест степен менувач –
најверојатно мануелен.
Следен на списокот е 1.4 литарскиот турбо бензинец исто
така Multiair кој најверојатно ќе се нуди во верзија со 135 КС и во
верзија со 165 КС. Меѓу малечките бензинци ќе биде сместен и новиот 1.6
литарски турбо дизел на Fiat кој остварува 120 коњски сили.
Врвот од понудата дефинитивно ќе го сочинува 1.8 литарски
бензинец со трубо полнач кој на предната оска ќе испорачува моќни 230 коњски
сили. Единствено не се знае дали верзијата опремена со овој мотор ќе го носи
беџот GTA, иако вљубениците во Alfa не би
сакале оваа ознака да биде напуштена.
|