Get Adobe Flash player
Alfa ја претставува Brera Italia Independent
09.12.2009

Станува збор за специјална верзија на Alfa Romeo Brera која ќе биде изработена во ограничена серија од 900 примероци, а е создадена во соработка со модната куќа Italia Independent.

alfa-brera-italy-independent-1

Ова значи дека Brera добива уште повеќе на стил без да се навлегува во модификување на техничките карактеристики на моделот, неговите перформанси, лежењето на пат, управувањето и слично.

Заклучокот е дека љубителите на Alfa во Европа, Јапонија и Австралија по нарачка добиваат стандардна Brera со јасен стилски печат по релативно нормална цена.

Alfa Brera Italia Independent се испорачува со 2.2 литарскиот бенизнец JTS со 185 КС или со 3.2 литарскиот V6 сo 260 КС спарени по желба со 6 степен мануелен менувач или со Selespeed, или со автоматскиот менувач Q-Tronic.

Дополнително како ексклузива на располагање ќе биде и новата верзија 3.2 V6 со софистицираниот погон на четири тркала Q4.

Како што истакнавме за стилот на оваа Brera се погрижиле дизајнерите од италијанската модна куќа Italia Independent и понудиле едно навистина уникатно окружување кое го нарекле „Италијански начин на живот во една глобална визија”.

Од надвор Brera се распознава по специјалната Titanium мат боја, црните лакирани леснометални бандажи од 18 инчи зад кои се сокриваат црвено обоени сопирачки клешти со логото на Alfa Romeo на оние напред.

Внатре обилно е користена најквалитетна италијанска кожа во црна боја прошиена со црвени шевови за прелекување на седиштата, панелите на вратите, воланот, арматурата и централната конзола.

За апликациите на централната конзола користен е карбон-фибер и четкан алуминум кој може да се забележи и на педалите, но и на седиштата каде стојат логоата на Brera и на Italia Independent.

Капачетот на резервоарот на кое стои логото на Alfa Romeo претставува своевиден уникат, бидејќи секое од вкупно 900 парчиња е посебно глодано од парче алуминиум.

Како што доликува на една специјална серија со ограничен број на примероци Alfa Brera Italia Independent доаѓа со мало богатство на опрема во кое нема место за опции. Единствено што им преостанува на потенцијалните купувачи е да го изберат моторот, менувачите и погонот.

А колку чини едно вакво ретко задоволство?

Во Италија, Alfa Romeo за Brera Italia Independent 2.2 JTS Selespeed бара 32.000 евра.

 

 

 

Facebook