Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Alfa Mi.To Cabrio
19.03.2008
alfa-mito-cabrio-1.jpgПретставена пред неполни седум дена Alfa Romeo Mi.To привлече толкаво внимание што дизајнерите ширум светот побрзаа да ја соблечат и да ја претстават во најавената кабрио верзија.

Се очекува кабриолетот да стартува со продажба кон средина на 2009 и да носи мек кров, а за цената не отиде до небо отворењето и затворањето е биде мануелно.

Малите димензии на автомобилот условуваат пристоен простор само за двајца патници што значи дека на задните седишта ќе има место само за две деца или две поголеми патни торби.

Секако Mi.To ќе мора да претрпи мал редизајн за да се задржи импресивниот стајлинг за што сигурни сме ќе биде ангажиран некој од познатите италијански дизајнер. Дури се очекува и производството на кабриолетот да биде префрлено во некоја од италијанските каросериски работилници.

Од она што може да се види на фотографијата убаво е што дизајнот на автомобилот е сочуван како целина и избеганто е грдото пумпање на задниот дел за да се направи место за складирање на спуштениот кров.

Што се однесува до моторната понуда ќе остане иста како и кај затворената верзија, вклучуваји ја тука и верзијата GTA со 1.8 литарски турбо бензинец кој на предните тркала ќе испорачува 230 коњски сили преку познатиот системна Alfa за рамномерна распределба на вртежниот момент Q2.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook