Get Adobe Flash player

bmw-m-135i-1-2012-1
Три врати за новата BMW Серија 1

BMW ја претстави Серија 1 со три врати и ја зголеми гамата за уште два модели 114i и спортскиот М 135i

 
Get Adobe Flash player
Alfa Mi.To светска премиера
14.03.2008
alfa-mito-final-cut-1.jpgВо овие два изминати дена се изнапишувавме за новата малечка Alfa чие официјално име е Mi.To, а следниве фотографии го прикажуваат конечниот изглед на автомобилот.

Станува збор за светска премиера на Alfa Mi.To која за сега останува зад затворени врати. Планот на Alfa Romeo е автомобилот јавно да го прикаже дури во јуни на светска прес конференција, веќе следниот месец стартува постепена комерцијализација на пазарите ширум Европа и светот.

Нормално за очекување прво домашните купувачи да седнат зад воланот на новата малечка Alfa која во должина мери 4,06 метри, ширина 1,72 метри и висина 1,44 метри.

Извонредните перформанси во старт ќе ги гарантираат 4 мотори, бензински и дизел, сите со турбо полнач, кои ќе имаат дијапазон на моќност од 90 до 155 коњски сили. Секако моторната понуда ќе се зголемува со тек на време, а врвот е обезбеден за моделот GTA со 230 турбо коњи.

Mi.To ќе може да ги задоволи најпребирливите клиенти со исклучителни возни својства, остварени благодарение на системот на Alfa наречен DNA. Овој систем го контролира моторот, сопирачките, управувањето, суспензијата и менувачот, овозможувајќи три различни модуси на однесување на возилото кои одговараат на соодветна ситуација во зависност од стилот на возење и желбите на возачот.

Трите модуси на работа се поделени на следниов начин: Dynamic за спортско возење, Normal за смирено возење низ град или до омилената дестинација и All-Weather за максимална безбедност во лоши временски услови и ниско ниво на тракција.

Интересно е што Mi.To е првиот автомобил во својот сегмент кој нуди ваква иновативна технолошка содржина, плус тука е и системот за електронска контрола на возилото кого во Alfa го нарекуваат VDC кој е дел од сериската опременост на сите верзии.

За да не се повторуваме кликајќи на линковите ќе можете да прочитате се што е до сега објавено за Mi.To: линк 1, линк 2, линк 3.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook