Get Adobe Flash player
Alfa Mito GTA официјално пред Женева
24.02.2009
alfa-romeo-mito-gta-1.jpgНајавена уште минатата година од поранешниот шеф на Alfa Romeo, Лука де Мео, спортската верзија на MiTo, високо перформансната GTA, конечно ќе биде претставена во Женева.


Иако за во Женева одговорните во Alfa Romeo ја најавуваат GTA како концепт, сепак уште сега ги објавуваат официјалните податоци за моделот кој кон средина на годината ќе влезе во серија.


Дефинитивно под хауба ќе работи комплетно новиот четири цилиндричен трубо бензинец со зафатнина од 1.75 литри конструиран во Fiat Power Technologies кој е навиен да остварува импресивни 240 коњски сили.


Компактниот мотор има директно вбризгување, варијабилно управување со всисните и издувните вентили, турбо натполнење и напреден електронски менаџмент на моторот.


Следејќи ги начелата кои се сокриваат под легендарната ознака GTA која означува Gran Turismo Alleggerito, (Alleggerito од италијански значи намалена тежина), MiTo GTA доаѓа со редуцирана тежина за да се постигне што подобар сооднос на моќност со тежина.


Инженерите напорно работеле на спуштање на тежиштето и заштеда во тежината на автомобилот. Затоа GTA лежи ниско има интегриран спојлер на задната врата и на кровот и нов облик на ретровизорите изработени од карбон-фибер.


Тежината дополнително се штеди со обилно користење на алуминиум за делови од системот за сопирање, суспензијата и делови од шасијата.


Останатите измени се однесуваат на подобрување на т.н. граунд ефект со поставување профилирани канали под подот на автомобилот, дифузор интегриран во задниот браник и профилирани странични завеси.


Потпирањето напред е потполно изменето. Има нова геометрија и попречни водилки од алуминим, истото е направено и одзади каде се користени нови лежишта за амортизерите.


Дополнително е поставен и активен систем за контрола на придушувањето кај амортизерите кој е врзан со системот на Alfa Romeo, DNA и нуди меко поддесување во нормални услови на возење и тврдо кога возачот е сака малку да се издува кога ќе го чува и цела низа на безбедносна електроника како ABS, ESP, EBD, контрола на тракција.


Иако се знае дека MiTo GTA пристигнува кон средина на годината точен датум на неговото појавување сеуште не е обзнанет исто како и неговата цена.



 

 

 

Facebook