|
23.08.2007 |
Како последен поклон за купувачите пред претставувањето
на 149, Alfa Romeo нуди неколку специјални едиции на
сегашниот 147 именувани како Sportiva, Blackline и Collezione за 2008.
Изградена на база на основната 147, Sportiva нуди 17
инчни бандажи, спортско подвозје, волан од кожа и спортски аеродинамичен кит со
светла за магла интегрирани во предниот браник.
На фотографијата горе и верзијата Blackline
која доаѓа со кров обоен црно, поголеми 18 инчни бандажи, мал спојлер над
задното стакло и црни дискови. Collezione пак добива 17 инчни тркала и кожен
ентериер.
Моторната понуда се состои од два бензинци и два дизели
со моќност од 105 до 150 КС.
Гамата на 147 од секогаш нудела добра вредност и најмногу
стил меѓу компактите и сигурни сме дека следната генерација ќе ја наследи
традицијата.
Сепак, таа може да почека бидејќи моделите од
лимитираната серија сигурно ќе бидат бестселери.
|