Тенденцијата за намалување на зафатнината кај моторите и
користењето турбо натполнење не ја одминува ниту италијанската убавица Alfa.
Наскоро во понудата на прекрaсната 159 влегуваат два комплетно нови мотори.
Првиот е безинец од 1.8 литри кој благодарение на турбо
натполнење остварува повеќе од 200 КС и доаѓа како замена за атмоферскиот 2.2
литарски бензинец кој едвај истискува 185 КС, а покрај 159 се вградува и во Brera и во Spider.
Истиот мотор е најавен и за во Alfa Romeo MiTo GTA.
Покрај поголемата моќност новиот турбо бензинец ќе троши
помалку гориво и ќе има пониска емисија на СО2. Според инженерите на Alfa за
должени за тестирање 159 со новиот мотор е побрза за цела секунда до темпо 100
во однос на 2.2 литарецот, додека во просек троши 8,4 L/100 km.
Вториот мотор е 2.0 литарски турбо дизел кој ќе го замени
1.9 литарецот со 150 КС. Новиот дизел ќе има моќност од 170 КС, но заклучокот
од првите тест возења на престижниот германски месечник Auto Motor und Sport вели дека актуелниот 1.9 литарец е порафиниран и дека произведува и повеќе од доволно вртежен
момент за потребите на 159, Brera
и Spider.
Но, без оглед на коментарите на AMS од Alfa уверуваат
дека иднината им припаѓа на новите агрегати и дека тие уште сега ги
задоволуваат нормите Euro 5 што не е случај со актуелните мотори.
Воедно што е исто така многу важно истакнуваат од Alfa е
цената на моторите. Новите според нив ќе бидат поевтини наведувајќи дека 159 со
турбо бензинецот од 1.8 литри во Европа ќе чини околу 25.000 евра што е 4.000
евра заштеда во однос на актуелниот 2.2 литарец.
Официјалните цени ќе бидат објавени заедно со
комерцијализацијата на двата нови мотори која ќе се случи на есен.
|