|
Спортистот на Alfa Romeo, 4C од кого затреперува срцето на октанските зависници подготвен е да стапне во продажните салони и да биде ваш за почетна цена од 45.000 европски банкноти.

Оваа цена важи за стандардното купе кое централно во шасијата го пакува турбо бензинецот 1750 TBi со моќност од 230 КС кои кон задните тркала се испраќаат преку роботизиран шестстепен менувач со две спојки.
Благодарение на лесната градба со обилно користење на карбон-фибер и на алуминиум Alfa Romeo 4C спринтува до 100 km/h за 4,7 секунди. Но, ова важи за концептот прикажан на салоните во Женева и во Франкфурт годинава.
Не е сигурно дали и серискиот модел ќе биде изграден од карбон-фибер како и концептот, но затоа се знае дека во Alfa Romeo подготвуваат и родстер од 4С и жешка верзија која ќе пакува 300 КС.
Тие ќе доаѓаат од новиот 1.8 литарски турбо бензинец на чиј развој напорно работат инженерите на групацијата Fiat, а жешкиот 4С ќе биде првиот модел што ќе го носи. Овој мотор ќе се нуди подеднакво и во Европа и во САД.
Кога точно Alfa Romeo 4C ќе се појави на пазарот сеуште не се знае. Но, затоа со цена ќе биде еквивалент на Porsche Cayman S.
|