Get Adobe Flash player
Alfa Romeo 8C Spider
20.02.2008
alfa-romeo-8c-spider-1.jpgСпортското срце раѓа уште една љубовна афера во која главен јунак е кабриолетот на база на 8C Competizione кого традиционално во Alfa Romeo го нарекуваат Spider.

Верзијата подготвена за сериско производство ќе биде изложена во Женева и аналогно на затворениот модел и 8C Spider ќе биде произведен во лимитирана серија од 500 примероци.

Секако новиот Spider не нуди само убавина туку и спортски перформанси. Под хаубата работи познатиот 4.7 литарски V8 на Ferrari и остварува 450 коњски сили при 7.000 вртежи. Погонот е на задни тркала, а преносот е преку шест степен секвенцијален менувач, врзан со самоблокирачки диференцијал.

Конструксијата е трансексл што значи дека менувачот се наоѓа назад споен со диференцијалот заради подобра тежинска распределба.

Spider лежи на леснометални бандажи од 20 инчи зад кои се сокриваат огромните сопирачки, вентилирани и бушени, дискови со пречник 380 милиметри напред и 360 милиметри назад кои во секоја ситуација се грижат за безбедно запирање на автомобилот. Како додатен елемент во обезбедувањето на контрола над автомобилот е познатата програма за стабилност на Alfa Romeo, VDC.

Alfa Romeo несакајќи да сокрие ништо од своите клиенти ја објави и цената на Spider. Рамно 200.000 евра што е за 35.000 евра повеќе од близнакот со затворен кров.


 

 

 

Facebook