Get Adobe Flash player
Alfa Romeo го претстави најмоќниот MiTo
22.09.2009
alfa-mito-qv-2010-1.jpgНа салонот во Франкфурт миланезите ја претставија, за сега, најбесната верзија на MiTo која традиционално за Alfa го носи името Quadrofoglio Verde, а на пазарот ќе пристигне во првата половина на 2010.

За да не дојде до забуна, Quadrofoglio Verde или детелина со четири листа, не е долго најавуваната GTA, туку станува збор за верзија која под хаубата носи модификувана верзија на познатиот четирицилиндричен турбо бензинец од 1.4 литри.

Модификацијата на турбо бензинецот ја сочинува новиот систем за вшмукување на воздух MultiАir кој беше најавен и кај обновениот Grande Punto Evo. Благодарение на MultiАir 1.4 литарскиот турбо сега остварува 170 КС нудејќи извонреден сооднос на тежина/моќност од 6,7 kg/КС.

Снагата до предните тркала се пренесува преку шест степен мануелен менувач и е доволна за да го забрза MiTo Quadrofoglio Verde до 100 km/h за едвај повеќе од 7 секунди.

Од Alfa Romeo наведуваат дека без оглед на зголемената моќност потрошувачката е намалена во однос на актуелниот турбо и таа кај QV на отворен пат изнесува 4,8 L/100 km со емисија на СО2 од 139 g/km.

Но, модификуваниот мотор не е едиснтвената новина врзана за Quadrofoglio Verde. Возните карактеристики се подобрени со вградување на нова спортски ориентирана суспензија со електронска контрола врз степенот на придушувањето со што се постигнати три различни модуси на местење.

Однадвор Quadrofoglio Verde се разликува по новите леснометални бандажи од 17 инчи, рамките на светлата и надворешните ретровизори во боја на титаниум, додека внатре опременоста е на ниво како кај најбогато опремените верзии со алуминумски педали, кожени седишта, кожа на волан и рачка од менувач, систем за навигација обединет со мултимедиjален систем за забава и слично.

Цената ќе биде повисока од цената на актуелниот турбо бензинец, но колку во Alfa ќе ја проценат вредноста на Quadrofoglio Verde останува тајна се до стартот на продажбата.

 

 

 

 

Facebook