Get Adobe Flash player
Alfa Romeo подготвува SUV
11.12.2009

Очигледно шефот на Fiat, Серџо Маркионе сеуште се премислува што да се прави со Alfa Romeo. И додека тој размислува инженерите работат на прототип на новиот SUV на производителот од Милано.

alfa-romeo-kamal-1

Прототипот се базира на концептот на Alfa Romeo, Kamal кој пред 6 години беше претставен на салонот во Женева. Уште тогаш се говореше дека концептот е само испитување на реакциите на публиката и дека никогаш нема да стогне до сериско производство.

Но, никогаш не вели никогаш.

Очигледно работите се менуваат, а потврда доаѓа од вработен во истражувачкиот центар на Fiat Group, Elasis сместен во градот Помилиано д’Арко во близина на Неапол во Италија.

Вработениот успеал да го фотографира Kamal во дворот на истражувачкиот центар и вели дека станува збор за тестно муле кое се сокрива под каросеријата на Kamal и кое е во фаза на развој.

За автентичноста на фотографијата која потекнува од истражувачкиот центар говори и маскираниот прототип, исто така во фаза на развој, кој ѕирка на една од фотографиите.

Меѓутоа без оглед што зацртаниот развој на моделите на Alfa Romео продолжува, нивната реализација виси во воздух и се чека Маркионе да пресече. Доколку големиот шеф се одлучи за стагнација на марката, ниту овој SUV со лик на концептот Kamal, ниту наследникот на 166 ќе стигнат до производните ленти.

Секако за потврда на сите овие претпоставки ќе треба да чекаме до почетокот на 2010 кога Маркионе најави дека ќе ги обелодени плановите за Alfa.

 

 

 

Facebook