Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Alfa Romeo со нов менувач и нов мотор
25.10.2007
alfa-breraМиланезите долго ги поврзуваа со проблематични менувачи, но таа репутација ќе се смени со претставувањето на новиот автоматски менувач Q-Tronic.

Новиот менувач ќе се појави во Brera, 159 и во Spider и на почеток ќе биде достапен со постоечкиот 1.9 литарски дизел JTDM, бензинецот V6 од 3.2 литри JTS и сосем новиот 2.4 литарски дизел JTDM кој остварува моќни 210 коњски сили.

Автоматскиот менувач Q-Tronic му дозволува на возачот да бира меѓу мануелен и целосно автоматски и исто така да бира меѓу Sport и Winter – зимски – модус на работа.

Кога ќе се притисне копчето Sport, ECU го поставува менувањето на степени на повисок број на вртежи со подолги секвенци меѓу менувањето на степените, за поспортско возење.

Во модусот Winter e загарантиран максималниот зафат на тркалата на снежните и замрзнати патишта со редуцирање на нивото на вртежен момент при ниски вртежи.

Новиот 2.4 литарски JTDM добива 10 коњски сили повеќе отколку претходникот и остварува максимални 400 Nm вртежен момент при ниски 1.500 вртежи.

Овие податоци обезбедуваат една Alfa 159 лимузина да забрза до темпо 100 за 8,4 секунди (8,6 секунди за караванот) пред да ја достигне максималната брзина од 225 km/h за лимузината и 223 km/h за караванот.

Зголемената моќност исто така и помага на Brera да спринтира до 100 km/h за 7,9 секунди и достигнува максимални 230 km/h.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook