Get Adobe Flash player
Alfa Romeo Spider - Mille Miglia
19.05.2008
alfa-spider-mille-miglia-1.jpgСтанува збор за специјална едиција на кабриолетот на Alfa, Spider кој во чест на трката Mille Miglia или 1.000 милји која во Италија се одржува секоја година ќе биде изработен во само 11 примероци.

Со Spider Mille Miglia, Alfa Romeo сака да ги прослави своите 11 победи на славната трка. За таа цел секој од единаесетте јубилејни примероци на Spider ќе добие сребрена плочка на која е изгравиран еден од автомобилите победници по години почнувајќи од 1928, па се до 1947.

Понатаму автомобилот добива ексклузивна црвена боја која се нарекува Rosso 8C, логото Quadrofoglio – детелина со четири листа својствена за моделите на Alfa од поблиска и подалечна историја и црвени шевови на седиштата, воланот, рачката од менувачот и од рачната сопирачка и остатокот од внатрешноста преслечени во црна кожа.

Моторот и останатите механички компоненти остануваат не сменети. Под хаубата на секој од овие 11 примероци работи 3.2 литарскиот атмосферски V6 бензинец кој на предната оска испорачува 260 коњски сили.

Самата трка Mille Miglia има релативно куса историја од 30 години. Се возела од 1927 до 1957 кога е ставена забрана поради фатална сообраќајна несреќа во едно село низ кое поминувале тркачите, а загинале возач, совозач и 11 гледачи.

Mille Miglia се вози и денес, но само како ревијална трка со автомобили произведени меѓу 1927 и 1957 и меѓу своите фанови е позната како „најубавата трка на светот”.


 

 

 

Facebook