|
Alfa Romeo за во Европа ќе понуди гаранција од пет години за својата нова Giulietta и што е најинтересно не бара разни доплати за продолжување на гаранцискиот рок како други производители.

Гаранцискиот рок од 5 години важи за сите изведби на Giulietta без оглед на моторот и опременоста продадени од официјален дилер на компанијата. Меѓутоа за останатите модели на марката оваа продолжена гаранцијата не важи.
Вториот услов на гаранцијата освен временски рок од 5 години е и бројот на изминати километри кој не смее да мине 100.000. Во гаранцијата не влегуваат таканаречените потрошни материјали како: филтри, бришачи, сопирачки плочки и дискови и амортизери.
Дел од гаранцијата е и бесплатна помош на пат низ цела Европа во која влегуваат транспорт на автомобилот до местото на живеење и плаќање на патните трошоци за алтернативен превоз во случај на поголема хаварија.
Секако тука се вбројува транспорт до најблискиот сервис доколку се работи за релативно лесно отстранлив дефект за кој е потебен сервис, помош на пат на лице место за мали дефекти, достава на гориво и слично.
Интересно е што Alfa Romeo влегува во клубот на производители со исклучително доверливи производи како Hyundai и Kia кои даваат продолжени гаранции за своите модели.
Hyundai дава гаранција од 5 години без ограничен број на километри и сето тоа без доплата. Плус во тој период нуди бесплатни годишни прегледи. Сестринската марка на Hyundai, Kia е рекордер во давањето гаранција.
За сите модели во Европа Kia дава 7 години гаранција, но со ограничен број на километри до 150.000 km. Kia за некои модели по избор на клиентот дава гаранција од 3 години со неограничен број на километри.
Останатите производители даваат гаранции од 2 или 3 години, а некои од нив имаат моќност за доплата за уште 2 години.
|