Alfa Romeo одлучи да направи уште пожешка
верзија од веќе жешкиот 8C Competizione која следствено на традицијата на
миланезите најверојатно дополнително ќе ја носи ознаката GTA.
Шефот на Alfa, Лука де Мео најави дека моделот веќе се подготвува, но
дека ќе биде произведен во лимитирана серија во чест на 100 годишнината на Alfa која ќе
биде одбележана во 2010.
Концернот на Fiat под кого спаѓа и Alfa
Romeo официјално сеуште молчи и не кажува ниту збор за 8С Competizione GTA, но ова е
познат маркетинчки потег за да се држи јавноста во неизвесност и постојано да
се подгрева заинтересираноста за моделот.
Како и секој модел на Alfa со GTA наставка
во името, така и 8C Competizione се очекува да има постегнато и
спуштено подвозје, помоќен мотор и сопирачки. Кога сме кај моторот најверојатно
станува збор за модификувана верзија на постоечкиот агрегат, но колку ќе биде
зголемена моќноста сеуште не се знае.
Во Alfa 8C Competizione работи познатиот
4.7 литарски атмосферски бензинец на Maserati кој испорачува 450
коњски сили на задните тркала преку шест степен мануелен менувач поставен
директно на задната оска - систем трансаксл.
8C Competizione во моментов на пазарот се нуди само
во купе верзија, додека кабриолетот кого во Alfa го
нарекуваат Spider се очекува да пристигне на пазарот следната година.
По повод јубилејот 100 години Alfa Romeo, ќе бидат
произведени 500 примероци од купето и 500 примероци од кабриолетот кои заедно ќе ја
сочинуваат лимитираната серија на 8C Competizione GTA.
|