|
28.05.2007 |
Преставниците на големите автомобилски марки дискутираа за идните чекори во воспоставувањето на комуникацијата меѓу возилата.
Автомобилите што стапуваат во контакт еден со друг и му даваат информации на возачот ќе ја подобрат безбедноста и сообраќајниот проток во иднина.
Неколку автомобилски пороизводители интензивно соработуваат во конзорциумот Car 2 Car Communication Consortium посветен на стандардизација на комуникацијата меѓу возилата на ниво на Европа и за воспоставување на новата форма на комуникација меѓу возилата и средината. Заедно со надлежните служби ќе се утврдат општи технолошки стандарди. Конзорциумот е отворен за пристап на добавувачи, истражувачки центри и други партнери за од почетокот да може да се постигне широка и единствена платформа.
|