Get Adobe Flash player
Alpina го претстави B5 Bi-Тurbo
02.07.2010

Како што беше најавено на отворањето на Фестивалот на брзината во Гудвуд во Велика Британија, Alpina го претстави своето најново чедо со нетрепение очекуваниот B5 Bi-Turbo.

alpina-b5-bi-turbo-2010-2

Престижната тјунерска куќа специјализирана за доработка на моделите на BMW го оствари своето ветување и на светот му ја прeтстави најмоќната петтка на BMW со 4.4 литарскиот V8 битурбо бензинец.

Тјунерите дале свое видување за како треба да се доработи оригиналниот мотор од BMW. Целта не била екстремно зголемување на моќноста, туку постигнување на баланс меѓу снагата и ефикасноста со акцент на чување на животната средина.

Инженерите на Alpina се одлучиле за замена на комплетниот систем за вшмукување низ кого сега полесно строи воздухот, системот за вбрзигување гориво и ја ремапирале електронската контрола на моторот.

Па така од 4.4 литарскиот V8 се извлечени 500 КС и максимален вртежен момент од 699 Nm. Доволни за да и овозможат на Alpina B5 Bi-Turbo да спринтне до 100 km/h за 4,7 секунди и да достигне маскимални 306 km/h.

Без оглед на зголемувањето на моќноста потрошувачката на B5 Bi-Turbo се спуштила во рамки на едвај над 8 L/100 km, додека емисијата на CO2 изнесува 252 g/km за што во Alpina тврдат дека се најниски вредности во сегментот.

Смалувањето на потрошувачката се должи и на изборот на менувач. Имено B5 Bi-Turbo користи модификувана верзија на 8 степениот автоматски менувач на ZF, додека BMW M5 ќе користи менувач со две спојки.

Интересно е што во досегашната пракса во Alpina избегнувале да ги користат истите мотори што ги користи и М одделот на BMW. Во случајот не е така и го користат истиот мотор што ќе се вградува во М5.

Но повторно за да бидат на свое инженерите на Alpina го модификувале моторот и ги довеле параметрите онака како што тие сметаат дека треба. Во секој случај B5 Bi-Turbo е сосема поразлична ѕверка од она што ќе биде М5.

Од Alpina сеуште не ја објавиле цената од која ќе стартува понудата на B5 Bi-Turbo, но ce претпоставува дека стартот ќе биде од околу 85.000 евра.

 

 

 

Facebook