|
Престижната тјунерска куќа и производител на вино Alpina која е специјализирана за доработка на моделите на BMW најави дека планира да ја претстави својата верзија на BMW M5 веќе следниот месец.

Од Alpina излегоа само со тизер цртеж за како би изгледала нивната верзија на М5 која во најдобрата традиција на компанијата го носи името В5 Bi-Turbo. Други информации за автомобилот нема.
Со оглед на фактот дека BMW сеуште чека на премиерата на својот нов М5, верзијата на Alpina ќе биде првата најмоќна „петка” од новата генерација. Кoлкава ќе биде моќноста на овој B5 Bi-Turbo сеуште не се знае.
Ако се оди според сознанија до сега за новиот М5 тој ќе го носи 4.4 литарскиот V8 битурбо познат од X5 M и X6 M, но и од Alpina B7, кој за во М5 е предвиден да произведува малку повеќе џус.
Моторот со официјално име M TwinPower Turbo во Х5 М и Х6 М произведува 555 КС и вртежен момент од максимални 680 Nm, додека истио мотор во Alpina B7 произведува 507 КС и 700 Nm.
Се очекува дека снагата и за во B5 Bi-Turbo да биде малку пониска од онаа што ќе биде предвидена за М5, иако знаеме дека овој мотор може многу повеќе. Секако BMW не сака конкуренција за својот лимузински тркач кој ќе биде далеку побесен од претходникот.
Затоа од Alpina истакнуваат дека B5 Bi-Turbo ќе има најниска потрошувачка во сегментот и ќе има најниска емисија на СО2.
Alpina ја најавува премиерата на B5 Bi-Turbo за годинешниот фестивал на брзината во Гудвуд или Goodwood Festival of Speed кој се одржува од 1. до 4. јули.
|