|
30.03.2007 |
Во екот на дебатата за климатските
промени производителите ја откриваат Америка како земја на малите автомобили.
По успехот на Mini и најавениот старт на Smart, сега Chevrolet ги покажува идеите
На салонот во Њујорк што почнa на
4. април Chevrolet прикажa три концепти на мали
автомобили. Целна група на триото се градски деца што ги прифаќаат
трендовите, истата група на која што и Toyota и се обраќа со марката Scion. Мамките се видени: остри линии и кутиест
дизајн, лут поглед, дречливи бои и што поголема флексибилност. Со тоа малите
возила ќе се издигнат во култ.
Trax изгледа како спој од ладно испран Range Rover и Scion xB. Trax ќе има еднолитарски
мотор и со цената нема да пречекори 10.000 долари.
Публиката ќе реши дали GM ќе ги произведува
трите мали. Истовремено со објавувањето на цртежот од Trix, GM отвори интернет страница на која
посетителите можат да гласаат – www.vote4chevrolet.com.
Трите возила се дизајнирани во Јужна Кореја, во студијата на Daewoo, чии модели денес
го носат знакот на Chevrolet. Американските медиуми им посветуваат големо внимание на трите џуџиња и
предвидуваат дека ќе се развие нов купувачки дух ориентиран кон малите
автомобили. Според експертите во моментов сите поголеми автомобилски
производители развиваат евтини и трендовски модели за пазарот во САД.
|