|
09.06.2007 |
Американските возачи се најзадоволни со квалитетот на германските автомобили. Во премиум сегментот најдобри се Mercedes, Audi, Porsche и BMW. Најдобриот резултат сепак го постигна американска марка.
Три модели на Mercedes на највисокото место: во анкетата на институтот J.D. Power and Associates сопствениците на класите Е, Ѕ и SL ги оценија своите возила како најквалитетни. „Mercedes забележа огромно подобрување”, изјави Нил Одис од институтот. Обемот и брзината на подобрувањата во споредба со претходните анкети укажува на изразена свест за квалитетот во Mercedes.
И Porsche постигна добри резултати со Boxster како најдобар претставник на сегментот на компактни спортски возила и воопшто со најдобриот впечаток за квалитет - при оценувањето се земени во предвид рекламациите за помалите дефекти што се појавиле во рок од првите 90 дена по купувањето на возилото. Тука Porsche е најдобар со пријавени 91 дефект на 100 возила и е пред Lexus и Lincoln. Mercedes скокна за 20 позиции и се најде на петтото место.
Во студијата 97.000 сопственици на автомобили беа запрашани колку биле задоволни од нивниот автомобил во првите 90 денови по купувањето. Учесниците во анкетата одговараа на 228 прашања. Покрај патнички автомобили се оценуваа и пикапи, ванови и теренски возила - тука Toyota беше успешна трипати со моделите 4Runner, Sequioa и Tacoma.
Генерално, најдобро помина Ford со пет врвни места за моделите Mustang, Lincoln Mark LT, Lincoln MKZ, Mazda MX-5 Miata Mercury MIlan, во соодветните сегменти. И при оценувањето на марките во кое се работеше за најмал број на тешки недостатоци кај нови возила, фирмата Ford се најде напред. Но, европските марки и тука се покажаа во добро светло, а посебно германските. Врвните места за Европа ги освоија BMW, Mercedes и Audi.
|