|
Во најновото истражување на американското издание Consumer Reports се вели дека сопствениците на plug-in хибридот Chevrolet Vоlt се најзадоволни од изборот на својот нов автомобил.

На прашањето поставено од Consumer Reports: „Како ги оценувате факторите како цена, доверливост, задоволство при возење итн., и дали повторно би го купиле истиот автомобил?” одговорено е следното:
Со потврден одговор „Да” одговориле дури 93% од сопствениците на Volt. Висок процент, но тука треба да се земат предвид неколку фактори. Моделот е релативно нов на пазарот, а американците даваат високи оцени на новите возила.
Воедно тие исто така се склони кон давање на високи оцени на еколошки подобните автомобили како што е Chevrolet Volt. За американците се врзува уште една навика, а таа е давање високи оцени на автомобили со голема моќност.
Затоа второто и третото место го делат Porsche 911 и Dodge Challenger кои имаат 91% наклоност од сопствениците. На четврто место со висок резултат над 80% се марки како Audi, Chevrolet и Ford.
Најнизок рејтинг имаат Chevrolet Aveo со 37%, Toyota Matrix со 43% и Chevrolet Collorado со 47%. Ова е само најава за класификацијата на Consumer Reports која во целост ќе биде објавена пред Нова година.
|