Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
AMG B Класа ќе биде купе
26.03.2010

Последните инфромации кои пристигнуваат од инсајдери во Mercedes велат дека новиот модел потпишан од AMG и поставен на платформата на новата В Класа ќе биде купе со четири врати.

amg-b-klasa-kupe-2010-1

Купето со две и со четири врати ќе биде дел од стандардната понуда на новата генерација на B Класа која ќе се нуди и како кросовер и како кабриолет информација која датира од 2007.

Токму купето со четири врати ќе биде основата за новиот мал модел на AMG, визијата за него Mercedes ја претстави во облик на концептот F800 Style претставен на годинешниот салон во Женева.

Плановите на Mercedes и на AMG се новиот модел да биде идеолошки наследник на фамозниот 190 Е 2.5-16 Evolution II. Тој ќе биде позициониран под новата C Класа, односно нејзината изведба C63 AMG.

Новото купе со четири врати кое ќе биде поставено на платформата на новата В Класа ќе има погон на четири тркала. Модуларната платформа на Mercedes ќе овозможи создавање на модели со погон напред и погон на четири тркала.

Спортистот ја носи кодната ознака С117 Evo нема да биде подолг од 4,5 метри, мерка која одговара на должината на 190 Е 2.5-16 Evolution II од 1990 година, а под хаубата ќе носи 3.2 литарски V6 опремен со електричен компресор.

Ништо од високотуражниот четири цилиндричен атмосферски бензинец од 2.5 литари на 190 Е 2.5-16 Evolution II којшто беше развиен во соработка со Cosworth.

Но, за да се задоволат духовите од минатото инсајдерите во Mercedes откриваат дека моторот на С117 Evо ќе истискува бесни 406 КС.

Други информации за новиот мал AMG нема. Се очекува дека купето со четири врати ќе се нуди и во помалку моќни изведби кои ќе имаат погон напред, исто како и хечбекот и кабриото на новата B Класа, додека кросоверот ќе има погонот на четири тркала.

Иако новата генерација на B Класа е најавена за 2011 и најверојатно премиерно ќе се појави на салонот во Франкфурт, отровната AMG изведба ќе почека до 2012.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook