Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
AMG ја прославува моќта
09.05.2007
amg40Кога некој Mercedes е AMG тогаш значи дека бришка многу. Фирмата што стартуваше со двајца вработени, сега прославува 40 години од основањето и ја препознаваат секаде во светот.


AMG почна како обична работилница за подготовка на тркачки возила и за тјунирање, а денес, по 40 години е марка што нуди ексклузивни автомобили со навиени перформанси и под закрила е на DaimlerChrysler.

Ханс Вернер Ауфрехт (оттаму е буквата А) и неговиот партнер Ерхард мелхер (М) го основаа претпријатието на 1. јуни 1967 во родното место на Ауфрехт, гратчето Гросаспах (G). Во првите години основачите на фирмата се занимаваа со конструирање на тркачки болиди на основа на Mercedes-Benz 300 SE и со учество на европските натпревари со сериски автомобили. Во 1971 година се случи пробивот: На 24-часовната трка на белгиската Спа Mercedes-Benz 300 SEL 6.8 AMG со 428 КС на општо изненадување заврши втор во вкупниот пласман и прв во класата.

По оваа историска победа следуваа бројни успеси на најразлични бини на мотоспортот: AMG пет пати беше најдобро пласиран тим во DTM. Бернд Шнајдер, Гери Пафет и Клаус Лудвиг освоија осум титули во DTM, а Шнајдер освои и титула во ITC (International Touring Car Championship). Во шампионатот GT, на тимот од Афалтербах му успеа со Бернд Шнајдер и CLK-GTR да ја понесе возачката титула, а една година подоцна Клаус Лудвиг и Рикардо Зонта го повторија овој успех и на тимот AMG Mercedes му ја донесоа и конструкторската титула - CLK-GTR победи на сите единаесет трки во сезоната.

AMG постигнуваше успеси и настрана од натпреварувачките патеки. Бизнисот на фирмата се прошири во седумдесетите години кога купувачите почнаа да пројавуваат интерес за облагородување на нивните возила и ставање посебен печат. Седиштето на фирмата стануваше претесно и во 1976 погоните се преселија во Афалтербах.

Најголемата пресвртница е во 1990 година кога беше склучен договор за соработка со Daimler-Benz AG. Оттогаш моделите на AMG се продаваат во светската мрежа на Mercedes-Benz и се сервисираат во истата. Првото заеднички развиено возило беше Mercedes-Benz C 36 AMG.

На 1 јануари 1999 Ханс Вернер Ауфрехт ја препушти главнината од акциите во AMG на DaimlerChrysler, a од 1 јануари 2005 DC е стопроцентен сопственик на фирмата. Од 2006, на клиентите на Mercedes што се гладни за сила им се исполнуваат сите желби во новооснованото AMG Performance Studio.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook