Со Ampera Opel станува првиот европски производител на автомобили кој
на своите клиенти ќе им понуди задоволство да возат неколку десетици километри
само на електричен погон.
Opel Ampera, името доаѓа од мерката за јачина на
електричната енергија Ампер, во основа е plug-in хибрид кој ја користи технологијата Voltec на General
Motors, на која ќе бидат поставени повеќе еколошки модели од семејни ванови, до
луксузни седани и купеа.
Платформата General Motors официјално ја
претстави преку својот plug-in хибрид Chevrolet Volt кај кого мал бензински мотор има
улога на агрегат и служи само за полнење на литиум-јонските батерии со
електричлна енергија.
Истото го наоѓаме и во Ampera. Со едно
поленење на батериите приклучени на стандардната електрична мрежа Ampera ќе може да
мине околу 60 km.
На подолги растојанија батериите ќе добиваат енергија од
класичниот мотор со внатрешно согорување и тогаш автономијата на Ampera ќе биде на
ниво на денешните автомобили со бензински мотори, по што батериите повторно ќе
мораат да се наполнат со приклучување во штекер.
Од Opel истакнуваат дека Ampera ќе понуди
целосно задоволство на купувачите како било кој друг модел произведен во
нивните погони.
Дополнителен поттик за пуштање во производство на Ampera е
истражувањето направено од маркетинг службите на Opel кое вели
дека 80% од возачите во Германија дневно со своите автомобили минуваат помалку
од 50 km.
Вистински момент за комерцијализирање на еден ваков
модел. Ampera ќе биде претставена на салонот во Женева во март.
|