Get Adobe Flash player
Apple развива нов систем за навигација
18.06.2007
appleklasaТехнолошкиот гигант Apple одлучи да се вмеша во автомобилската индустрија со развојот на нов систем за навигација кој се базира на постоечкиот GPS. Новиот систем ќе биде претставен во 2009.

Apple на новиот систем го развива ексклузивно со Mercedes-Benz, но по шест месеци од неговот претставување ќе биде достапен и за останатите автомобилски марки.

Користејќи ја технологијата која ја дели со својата гама на компјутери, MP3 плеери и неодамна претставениот iPhone, Apple планира систем се-во-едно кој вклучува забава, комуникација и навигација.

Сеуште е непознато дали Apple ќе преговара со Google за користење на нивниот софтвер за мапи или пак ќе користи претходно поставен сетап.

Би било подобро кога мапите би доаѓале веќе поставени на хард диск или нешто слично, бидејќи нема ништо полошо од тоа да се најдете на некоја непозната логација, да го изгубите сигналот на вашиот мобилен и да сватите дека мапите што треба да ги добиете од Google ги нема.

appleiphone

 

 

 

Facebook