|
22.11.2007 |
Досега неколкупати ја спомнавме фирмата HWA која ја
води спортската програма на Mercedes во DTM и која во моментов равива неколку нови модели
вклучувајќи ја и замената за McLaren Mercedes SLR.
HWA е основана од Ханс-Вернер Ауфрехт во 1967, кој е еден од
основачите на фабричкиот тјунер на Mercedes, AMG. Фирмата
покрај тоа што ја води спортската програма на Mercedes е виновна
и за развој и производство на извонредниот CLK-GTR.
Арапската фирма Насер Бин Калед (NBK) од Доха,
Катар потврди дека ќе купи 25 проценти од акциите на HWA по цена од
27 евра за акција. Ова ќе и овозможи на NBK да има
член во управниот одбор на HWA.
HWA е една од последните марки што прави високо перформансни
автомобили, а е купена од од арапски инвеститори. Веќе 50 проценти од Aston
Martin исто така и припаѓаат на арапска инвестициска фирма, како и McLaren чиви 30
проценти и припаѓаат на владата на Бахреин.
И секако тука е и владината компанија на Абу Даби, Mubadala
Development Company која поседува 5 проценти од Ferrari како и дел
од тимот на Spyker во Формула 1.
|