|
Насловот го сочинува целосното име на микро автомобилот на Aston Мartin добиен од соработката со Toyota. Иако сеуште го претставуваат како концепт Cygnet нема да се смени за во серија.

Според одговорните во Aston Martin, Cygnet кој ја доживеа светската премиера во Женева има за цел да го опипа пулсот на публиката пред официјално да се најави стартот на неговото сериско производство.
Во Aston Martin сеуште го водат како работна верзија и очекуваат дека ќе биде подготвен за сериско производство кон крајот на годината. Секако последниот збор го имаат инженерите кои работат на фино поддесување на суспензијата и електрониката на моторот.
Без оглед на резервираноста на одговорните од Aston Martin, експертите за маркетинг на компанијата уверуваат дека Cygnet и неговото ограничено производство ќе најдат доволен број на поклоници меѓу соптвениците на останатите модели на Aston Martin.
За таа цел во Женева е претставена програмата за персонализација на Cygnet на која можат да се потпрат потенцијалните купувачи кога ќе ја прават нарачката. Заедно со рачно изработениот автомобил клиентите со Cygnet ќе можат да добијат и уникатно обоен и опремен примерок скроен по сопствен терк.
Исполнувањето на желбите на купувачите ќе биде главна водилка во промовирањето на Cygnet.
|