Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Aston Martin ја оживува Lagonda
03.09.2008
aston-martin-lagonda-logo.jpgБеџот стар безмалку еден век, а го паметиме по футуристичката, аглеста, ултра луксузна и контроверзна лимузина од 70. и 80. години од ХХ. век, Lagonda, се враќа на сцена.

Одлуката да го врати беџот Lagonda на современата автомобилистичка сцена за Aston Martin е како враќање во иднината. На ова се надоврзуваат и сеќавањата за проблематичната спортка лимузина која никогаш не успеа да ги преживее детските болести и си замина со епитетот: лесно расиплив производ.

И покрај фактот што Lagonda беше механичка катастрофа, сепак, главните проблеми беа предизвикани од напредната електроника за тоа време, со која обилуваше. Електрониката беше управувана од компјутер и место инструменти имаше екрани, но не LCD, туку класични со катодна цевка.

Подоцна се раскажуваше дека во тоа време ниту NASA не би можела да направи автомобилот да функционира беспрекорно, онака како што беше замислена не пак еден производител на електрична опрема за автомобили како што е Lucas. Сето тоа пред се се дожеше на лимитираните технолошки придобивки.

Но, факт е дека напредните идеи од минатото можат да се остварат денес и тука Aston Martin ја гледа својата шанса со оживување на Lagonda.

Извршниот директор на Aston Martin, Др. Улрих Бец, потври дека Lagonda нема да биде спортски автомобил и ќе се разликува од останата моделска понуда на Aston.

Како што вели Бец, Lagonda „ќе влече елементи од минатото”, но во исто време ќе биде „ексклузивна, луксузна и практична.”

Плановите се новиот автомобил да влезе во сегментот каде владеат Rolls Royce и Bentley и да биде достоен конкурент на луксузната двојка како со својата цена така и со својот квалитет.

Во Aston Martin се чини дека го открија потенцијалот што го носат автомобилите со четири врати. Најавениот Rapide кој ќе се произведува во погоните на Magna Steyr ќе биде претставен веќе следната година, а во 2012 треба да се очекува и наследникот на хипер автомобилот од седумдесетите.

Концептната верзија на Lagonda е најавена за салон во Женева во март 2009.

Претставувањето на концептот се поклопува со прославата на 100 годишнината на Lagonda како марка, што значи дека британскиот производител ќе го прослави својот роденден со стил.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook