Get Adobe Flash player
Aston Martin One-77 во целост
11.03.2009
aston-martin-one77-1.jpgПредолго траеше најавувањето и постепеното откривање на скапоцениот супер спортист на Aston Martin, One-77 кој докажува дека ерата на оваа врста автомобили сеуште не завршува.

Скулптурата во природна големина, слободно може да се нарече извајаното тело на One-77, беше претставена на салонот во Париз минатата година само за да побуди што поголем интерес во јавноста пред појавувањето на вистинскиот автомобил.

Конечно во Женева, Aston Martin одлучи да го претстави својот скапоцен камен кој тежи околу 1.2 милиони британски фунти и во кого се сокрива последениот крик на автомобилска технологија.

Јадрото околу кој е изграден One-77 претставува монокок од карбон-фибер. Конструкцијата е дело на инженерите на Aston Martin кои работат во централата во Гајдон, додека изработката им е препуштена на експертите од MTC или Multimаtic, светски лидер во изработака на композити.

На секој од краевите на овој монокок се поставени двојни попречни триаголни водилки кои преку pushrod систем го пренесуваат вертикалното движење на суспензијата врз хоризонтално поставена опружна нога - пружина со вметнат амортизер.

Амортизерите имаат повеќе можности за поддесување и имаат вградена технологија Dynamic Suspension Spool ValveDSSV прва која ќе се користи кај еден условно сериски произведуван автомобил.

Овие специјални вентили кои се наоѓаат вградени во амортизерот користат прецизно изработени машински компоненти кои пак овозможуваат безстепено менување на карактеристиките на придушување на амортизерот.

Со помош на оваа технологија инженерите на Aston Мartin ќе можат на едноставен начин индивидуално и прецизно да ги наместат карактеристиките на суспензијата според желбите на клиентот.

Под хаубата на One-77 работи екстремна еволуција на познатиот 6.0 литарски V12 на Aston Martin кој може да се сретне кај моделите DBS, DB9 и новиот V12 Vantage.

Тимот од инженери кои работат на развој на мотори добиле задача да ги доведат карактеристиките на 6.0 литарски V12 до апсолутен лимит и во смисол на испорачување на моќност и во смисол на редукција на тежина.

Целта била да се достигне плафонот од 700 коњски сили со намалување на тежината на моторот за 10%.

Неверојатно, но инженерите на Aston Мartin во соработка со своите колеги од Cosworth успеале да ја намалат масата на моторот за 25% и притоа да ја зголемат зафатнината во истиот блок на 7.3 литри и на крај да ја остварат зацртаната цел и моќност од 700 КС.

Моќната коњица се пренесува на задните тркала преку нова генерација на шест степен секвенцијален менувач кај кого степените се менуваат преку палки сместени зад волан.

Задолжени за испорачување на снагата врз асфалтот без поголеми губитоци се специјално развиените гуми на Pirelli, P Zero Corsa со ширина од 335 mm. Предните се многу поскромни и во ширина мерат 255 mm.

Сопирачката моќ доаѓа од сет карбон-керамички дискови со сопирачки клешти дизајнирани да пренесуваат што помалку топлина од плочките на маслото за сопирање.

Со маса која не треба да минува 1.500 kg и моќност од 700 КС, Aston Martin One-77 ќе нуди исклучителни перформанси за еден автомобил кој во основа е наменет за на улица, а не за тркачка патека.

Максималната брзина е далеку преку 320 km/h, додека катапултирањето до 100 km/h трае едвај 3,5 секунди. Бројки за респект.

Една од најценетите иновации кај One-77 се можноста за комплетна персонализација. Купувачите ќе можат да го кастомизираат буквално секој дел од автомобилот, од менувачот, до кабината, изборот на материјали, детали...

Во One-77 купувачот ќе добие и седиште скроено според неговите телесни габарити, а истиот третман се однесува и на неговата поубава половина. Директотор на Aston Martin, Др. Улрих Бец објаснува дека One-77 треба да му пасува на возачот како добро скроен костум.

Но, и покрај сите иновации One-77 сеуште е далеку од сериско производство, ако така може да се нарече мануфактурата на Aston Martin.

Следната фаза од неговиот развој се фино тјунирање на шасијата, карактеристиките на моторт, перформансите и издржливоста. Затоа во месеците што доаѓаат може да се очекуваат многу фотографии од One-77 фатен за време на тестирање.

Точниот датум на комерцијализацијата на One-77 сеуште не е дефиниран.

Но, затоа безобразно богатите ќе можат уште веднаш да се запишат на списокот на чекање во надеж дека меѓу првите ќе успеат да седнат зад волан на ексклузивниот Aston Martin One-77.


 

 

 

Facebook