Get Adobe Flash player
Aston Martin One-77 вози 355 km/h
25.12.2009

Aston Martin гордо потврдува дека нивниот нов чистокрвен спортист One-77 e најбрзиот автомобил во историјата на британската марка кој успеал да достигне максимална брзина од 355 km/h.

aston-martin-one-77-2010-1

Вртoглавата брзина е достигната со прототип на серискиот модел на One-77 за време на опсежните тестирања кои ги прават инженерите на Aston Martin на Нирбургринг, но и на уште неколку тајни локаци низ Европа.

Достигнувањето на 355 km/h според инженерите на Aston Martin не е никакво изненадување бидејќи и првично беше наведено дека автомобилот ќе достигнува максимална брзина од далеку преку 320 km/h.

Според нив One-77 е способен и за повисоки брзини но во подобри временски услови кои за време на тестирањето биле лоши, а голема пречка претставувал и силниот ветар.

Силните најави на инженерите кои работат на проектот One-77 очигледно не се празни зборови, бидејќи за автомобилот со маса под 1.500 kg, шасија од карбон-фибер, тело од алуминиум и 700 КС остварените брзини се реална можност.

А One-77 и неговите перформанси ќе ги доживеат само 77 среќници на планетата. Имено лимитираната серија од 77 примероци е веќе распродадена, а за секој од примероците кој нето чини 1.450.000 евра е даден депозит од 240.000 евра.

Од Aston Martin се горди дека првиот испорачан One-77 ќе има волан од десна страна. Сепак, сопственикот не е Британец, туку Австралиец.

Првиот сопственик на ексклузивниот One-77 ќе се оддели од 3,8 милиони австралиски долари во кои покрај цената на автомобилот влегуваат транспортните трошоци со осигурувањето, царината и данокот.

Првите примерок ќе ги напушти производните капацитети на Aston Martin кон средина на идната година, а сериската верзија ќе биде прикажана на салонот во Женева.

 

 

 

Facebook