Информацијата излгеда доста неверојатно, а многумина
помислуваат дека се работи за шега. Сепак, не е. Aston Martin навистина
работи на микроавтомобил поставен на основата на Toyota iQ.
Британскиот производител на спортски и луксузни
автомобили во мали серии се здружува со најголемиот производител на автомобили
во светот Toyota за да работат на проектот наречен Cygnet.
На првата официјална фотографија добиена од Aston Мartin се гледа дека дизајнерите во централата во Гајдон работат на дефинирање
на конечниот облик на малечкиот автомобил.
Иако се наоѓа во фаза на концепт Cygnet кој е
поставен на основата на Toyota
iQ се очекува да добие зелено светло за влегување во
сериско производство кон крајот на годината.
Силуетата на Cygnet ќе биде слична како на својот јапнски брат близнак, но сепак дизајнерите
во Гајдон ќе се потрудат во малата каросерија да ги вградат сите препознатливи
црти не еден одважен автомобил на Aston
Martin.
Според зборовите на одговорните во компанијата Cygnet
првично ќе биде наменет за пазарот во Европа, но доколку проектот се покаже
дека е полн погодок тие не исклучуваат да биде пласиран и на останатите пазари
надвор од Стариот континент.
Како и iQ и Cygnet ќе го задвижува малиот бензински три цилиндарец со зафатнина од 1.0 литар и без оглед на кусата каросерија од околу 3 метри во должина ги
задоволува стандардите на Euro
NCAP за освојување на пет ѕвезди за безбедност.
Без оглед што Cygnet ќе ги задржи сите квалитатнивни атрибути на iQ нејаголемата разлика се
очекува да биде во внатрешноста каде ќе изобилува со луксузни материјали
својствени за реномето на марката.
Во својата официјална изјава извршниот директор на Aston Martin, др. Улрих Бец
напомена: „Сеуште е потребно многу работа, но уверен сум дека овој проект ќе стане
реалност во многу блиска иднина.”
Причината зошто во Aston
Martin се одлучуваат на ваков потег е задоволувањето на строгите
еколошки норми и емисија на издувни гасови кои стапуваат на сила во Европската
унија во 2012.
Најголем проблем за производителите на луксузни и
спортски автомобили ќе биде задоволувањето на емисијата на СО2 чија вредност за
нови возила од 2012 ќе изнесува само 120 g/km. Производителите како Aston
Martin, Ferrari, Lamborghini, Porsche ќе бидат најмногу
погодени од новите регулативи.
Сепак, без оглед на основата Cygnet нема
да може да го купи било кој клиент. Доколку сакате во гаража да ви биде
паркиран Cygnet претходно во неа веќе мора да лежи еден Aston Martin.
Од Aston
Martin тврдат дека најмалку 30% од нивните клиенти во гараж
веќе имаат некој мал автомобил како Mini, или пак, Smart ForTwo за секој дневно пробивање низ градските метежи.
Тие веруваат дека желбата да се биде препознатлив ќе ги
наведе сопствениците на Aston
Martin да се одлучат за уште еден Aston Martin во микро варијанта.
|