Луксузниот спортски седан на Aston Martin конечно
го здогледа светлото на денот на салонот во Франкфурт
иако автомобилот реално цели шест месеци е оддалечен од најавеното сериско
производство.
Првите официјални фотографии на Rapide
откриваат дека спортскиот седан на Aston
Мartin и надвор и внатре e
безмалку идентичен со концептот којшто беше претставен на
салонот во Детроит на почетокот на 2006.
Ако се бележат разликите тогаш тие се сведуваат на
јасното прекршување на каросеријата по цела должина на автомобилот, светлечките
диоди кај задните светла, двојниот издув и интегрираниот спојлер во задната
врата.
Rapide
e голем автомобил во должина мери 5.020 mm, широк
е 2.141 mm и висок е 1.359
mm. Димензиите овозможуваат удобно сместување на четири
патници во кабината, додека тежината на прaзен автомобил изнесува 1.950 kg.
Вистински колос.
Како што доликува на еден колос, кој воедно е и спортски
седан, под хаубата работи голем 6.0 литарски атмосферски бензинец V12
познат од купеaтa на Aston
Martin. Моторот ќе ослободува само 470 КС и вртежен момент од максимални 600 Nm.
Сета оваа снага се пренесува на задните тркала преку 7
степен автоматски менувач кого го испорачуваат експертите од ZF.
Наречен Touchtronic
2 менувачот нуди две опции на менување. Покрај автоматска
и мануелна со палки сместени зад волан.
Од тука Aston
Martin Rapid
е способен да спринтува до 100 km/h за
5,3 секунди и да ги однесе четирите патници до максимална брзина од 303 km/h.
Според шефот на Aston
Martin, Др. Улрих Бец славниот британски производител на
автомобили со претставувањето на Rapide конечно во својата понуда има автомобил за сечиј вкус и сечија потреба.
Секако доколку одговара цената која ќе биде објавена по
завршувањето на салонот во Франкфурт кога стартува и примањето на нарачките.
Првите примероци на Aston
Martin Rapide ќе пристигнат до своите купувачи некаде на пролет
2010.
|