|
26.11.2007 |
Колку и да звучи чудно, но денот кога Aston
Мartin ќе се произведува во некоја држава надвор од Велика
Британија можеби и не е толку далеку. Барем според последните извештаи на
фирмата.
Раководството на компанијата во моментот прават
истражувања за да се пресели дел од производството надвор од границите на
Велика Британија што ќе биде првпат во 93 годишната историја на марката.
Всушност станува збор за селење на производството на нов
модел кај некој од европските производители на каросерии и стапено е во контакт
со неколку компании.
Конечната одлука ќе биде донесена во следните неколку
седмици, а во потесниот избор за влезени Pininfarina,
Karmann, Magna Steyr и финскиот Valmet.
Новиот модел за кого станува збор најверојатно е купето
со четири врати Rapidе кое се очекува да пристигне на пазарот во 2009.
Фабриката на Aston Martin во Гајдон е близу до пополнување на
максималниот капацитет во обид да се произведат доволно примероци од V8
Vantage, DB9 и DBS за да се задоволат барањата на купувачите.
Плус на пат се уште неколку дополнителни варијанти на
овие постоечки модели кои ќе бидат претставени во годините што доаѓаат.
|