Get Adobe Flash player

Aston Martin V12 Vantage RS галерија
18.12.2007
aston-martin-v12-vantage-rs.jpgВеќе кажавме се што имаше да се каже за Aston Martin V12 Vantage RS или барем онолку колку што открива производителот. Дополнителните информации единствено се однесуваат на моторот.

Станува збор за агрегат земен на заем од тркачкиот автомобил на Aston Martin, DBR9. Моќниот 6.0 литарски V12 својата максимална моќност од 600 коњски сили ја остварува на 6.250 вртежи, додека максималниот вртежен момент од мрсни 690 Nm го остварува на округло 5.000 вртежи во минута.

За да се постигнат овие перформанси моторот има модификувана глава, нови брегасти вратила со ревидирано време и должина на отворање и затворање на вентилите, ковани клипови и челични клипни лостови, сув картер и посебно пресметан издувен систем изработен по урнек на тркачките автомобили.

Сето ова е доволно за спринт до 100 km/h за помалку од 4 секунди и спринт до 160 km/h за точно 8,5 секунди. Со вакви перформанси V12 Vantage RS е модел со најдобро забрзување што Aston Martin го произвел во својата историја.

За уште подетални податоци ќе мора да се почека, а дотогаш ни останува да уживаме во галеријата фотографии од овој убавец.

 
Get Adobe Flash player