|
Прв поглед од позади на новата Astra GTC која љубителите на автомобили со нетрпение очекуваат да се појави открива дека автомобилот навистина ќе биде вонземски со дизајн како од соништата.

За да не се поигруваат премногу со трпението на публиката и на потенцијалните клиенти Opel одлучи да ја прикаже есенва на салонот во Париз и тоа го најави уште во месец јуни.
Според најновите информации концептот на Astra со три врати нема да се нарекува Astra Sports Coupe, туку Astra GTC Paris, а целта на одговорните во Opel е името комплетно да се разликува од можното име на серискиот модел.
Од Opel најавуваат дека сериската верзија на новата Astra со три врати на пазарот ќе се појави дури кон крајот на 2011 со што ќе се наполнат безмалку две години од комерцијализацијата на моделот со пет врати.
Една од причините зошто толку се доцни со спортската изведба на Astra e сеуште одличната продажба на Astra GTC, моделот од претходната генерација на Astra, на пазарите во Европа, истакнуваат од Opel.
Секако новата Astra со три врати ќе послужи и како основа за жешката верзија подготвена од Opel Performance Center – OPC која ќе има моќност од 300 КС извлечени од 2.0 литарски турбо бензинец, но за неа веќе пишувавме.
И што останува за на крај. Да се дочека почетокот на октомври и отворањето на вратите од салонот во Париз каде светската јавност за прв пат ќе може да го види концептот на Astra со три врати.
|