Get Adobe Flash player
Audi A1 Cabrio
27.06.2008
audi-a1-cabrio-2010-1.jpgПрвата најава за вмешување во сегментот на премиум мини, Audi ја најави уште лани со концептот Metroproject Quattro со Audi mobile device. Но, дека не застанува тука доказ е A1 Cabrio.

На фотографиите е претставен дирекнтиот ривал на Mini. Очигледно е дека дизајнерите одлично си ја завршиле работата и дека кога ќе стартува продажбата во 2010, Mini Convertible ќе има сериозен конкурент спроти себе.

A1 Cabrio официјално ќе и биде претставен на светската јавност до година во септември на салонот во Франкфурт и според извори од Инголштад сериската верзија ќе биде идентична со автмобилот претставен тука.

Иако малечок кабриолетот на Audi е елегантен. Тука назад нема огромна платнена торба во која е сместен платнениот кров како кај Mini. Место тоа во Audi одлучиле кровот да са сокрива во багажникот поради што не е оставен простор за и онака не функционалните задни седишта кои и во отворениот Mini се повеќе за украс отколку што имаат практична вредност.

Под хаубата во A1 Cabrio ќе работат повеќето мотори од групацијата на VW. За старт се очекува 1.4 литарскиот турбо бензинец во изведбите со 140 и 170 коњски сили кои е користат шест степен DSG менувач.

Интересно е што во Audi не се откажуваат од проверениот 1.8 литарски турбо бензинец со 150 коњи, а во игра ќе биде и атмосферскиот 1.6 литарец со 102 коњски сили. Што се однесува до дизелската понуда ќе се вградува само еден мотор. 2.0 литарскиот TDI со 140 и 170 коњски сили.

Моќноста без оглед на моторот секогаш ќе се пренесува на предните тркала. Во Audi истакнуваат дека погонот на четири тркала нема практична вредност во еден олку мал автомобил. Воедно истакнуваат дека торзиската цврстине е толку голема што нема потреба од дополнителен погон за да се надминат возните карактериситки на еден Mini.

Нормално кога е во прашање Audi сите очекуваат и спортска верзија од A1 Cabrio која согласно традицијата ќе ја носи ознаката S1, а целта е да се загрози Mini Cooper S. За да се фрли ривалот во очај ќе се користи моторот од S3 кој во A1 Cabrio ќе испорачува околу 260 коњски сили. S1 се очекува да се појави една година подоцна од A1 Cabrio, значи во 2011.

audi-a1-cabrio-2010-2.jpg

 

 

 

Facebook